УЕФА ГО СКРАТИ СПИСОКОТ

УТРЕ ЖДРЕПКА ЗА ЛШ: Шкендија ги дозна можните пет ривали во 1. коло!

Македонскиот фудбалски шампион кој веќе започна со летните подготовки, во вторник ќе го дознае противникот во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

објавено: 18 јуни 2018 - 14:15

Утре (19. јуни) од 12:00 часот во ќе се изврши ждрепката за првото и второто квалификациско коло на ЛШ, а избраниците на тренерот Ќатип Османи ги дознаа сите пет можни ривали.

Тие се АПОЕЛ (Кипар), Карабах (Азербејџан), Шериф (Молдавија), Њу Сејнтс (Велс) и Видеотон (Унгарија) на нашиот интернационалец Бобан Николов.

Во групата 1 кај неносители освен тетовскиот клуб, се наоѓаат уште екипите на Дуделанж (Луксембург), Олимпија Љубљана (Словенија), Судува (Литванија) и Торпедо Кутаиси (Грузија).

Мечевите од првото коло ќе се играат на 10. и 17. јули, а второто на 24. и 31. јули.

Најново во Фудбал