ОДЛИЧНА НАЈАВА ЗА МЕЧОТ ВО РЕД БУЛ АРЕНАТА

Тореадорот Ибраими нека ги лаже „биковите“, а публиката ОЛЕЕЕ..!

На 8. август со почеток од 19:00 часот во ред Бул Арената ќе се игра првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

објавено: 3 август 2018 - 11:39

Шкендија пред себе го има Салцбург преку кој ќе се обиде да стигне до плеј-офот, а со самото тоа и обезбедено директно учество во групите на Лига Европа. Во спротивно, ќе мора да оди во плеј-офот за ЛЕ.

Избраниците на тренерот Ќатип Османи беа подобри од велшките „светци, молдавските „шерифи", на ред дојдоа австриските црвени „бикови".

Официјалниот фејсбук профил на македонскиот фудбалски шампион со одлична најава, еден од нивните најдобри играчи, носители на играта Бесарт Ибраими подготвен да биде во пеколната игра како „тореадор", а неговата цел е секако да ги измами „биковите".

Нека се слуша почесто од публиката „ОЛЕЕЕ"...

Најново во Фудбал