ИСКУСНИОТ БЕК СЕ ВРАЌА ВО СРБИЈА

Тодоровски е нов фудбалер на Раднички Ниш

34-годишниот македонски интернационалец ја продолжува кариерата во редовите на српскиот фудбалски клуб

објавено: 21 јуни 2018 - 08:59

Александар Тодоровски во кариерата настапуваше за Раднички Београд, Апоел, Дигенис Морфу, Аел Лимасол, Рад, Полонија, Штурм и Заглебје.

Потпиша договор на една година со Раднички Ниш во кој ќе донесе богато искуство од настапите во европските натпреварувања.

Екипата освен нашиот десен бек, успеа да ангажира уште две нови засилувања, стоперот Радован Панков и голманот Иван Булајиќ.

Најново во Фудбал