СЕ КОРИСТИ ПЕРИОДОТ ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА КОНТРОЛНИ МЕЧЕВИ

Струмичкото дерби за „пандевци“, Ренова пресилна за Велазерими!

Оваа недела репрезентациите настапуваат во УЕФА Лигата на нации, помеѓу кои и Македонија, па така пред продолжението од Првата и Втората лига, клубовите го користат периодот за пријателски средби.

објавено: 9 септември 2018 - 09:50

Победа со резултат 2:1 на контролниот меч забележа Академија Пандев против Беласица. Во триумфот на „пандевци" стрелаа Ѓорги Стоилов и Кристијан Иванов. На спротивната страна голот за Беласица го реализираше Стефан Сулев.

Следниот викенд продолжуваат првенствените натпревари, каде Академија Пандев на домашен терен го пречекува тимот на Силекс од Кратово.

Потоа, Ренова убедливо со 3:0 славеше против Велазерими од Киево. Победата на „гипсарите" ја донесоа Никола Пантовиќ, Миран Максути и Фатјон Јусуфи.

Според најавите Ренова в недела од 16:00 часот ќе одигра уште еден контролен меч во Гостивар против екипата на Силекс.

Генч Калемлер ремизираше 3:3 со ССК Младинец, фудбалерите на Тетекс со 2:0 триумфираше над ФК Љуботен, додека играчите на Детонит Јуниор со 4:1 ја преслушаа Тиверија Струмица.

Најново во Фудбал