МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО ПРЕД-СЕЗОНАТА

Стартер против Борнмут: Најновите слободни удари на Барди (Видео)

Пораз на Леванте во првиот контролен натпревар за новата сезона во шпанската Примера.

објавено: 20 јули 2018 - 23:12

Во еден меч исполнет со седум голови, шпанскиот клуб загуби минимално со резултат 3:4 од Борнмут.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди започна од првата минута, но не се запиша во листата на стрелците.

Премиерлигашот водеше 0:2 после 12. минути игра, а во 18-та Шпанците намалија, откако Барди ја спречи акцијата на Англичаните, по што топката продолжи кон напаѓачите кои се погрижија за 1:2 преку Рожер.

Воедно во продолжение погледнете и како нашиот интернационалец со останатите тимски колеги вежба слободни удари како дел од летните подготовки.

Најново во Фудбал