МАКЕДОНКАТА ВО РЕДОВИТЕ НА СЛОВЕНЕЧКИОТ ШАМПИОН

Симона Крстаноска е нова фудбалерка на Олимпија Љубљана

Својата фудбалска кариера ја започна во редовите на ЖФК Билјанини Извори од Охрид. Потоа, продолжи да настапува за ЖФК Единство од Скопје, ЖФК Тиверија од Струмица, ЖФК Конзули од Битола, ЖФК СЦ Истатов од Дојран.

објавено: 6 август 2018 - 19:11

Од 2016. година досега беше дел од српскиот женски шампион Спартак Суботица со низа трофеи, а потоа ексклузивно за „Спортмедиа" објави дека ќе го напушти овој клуб.

Таа официјално пронајде нов предизвик, тоа е женскиот фудбалски шампион на Словенија, ЖНК Олимпија Љубљана.

„Љубљана е многу убав град, едно од најубавите места. Многу добро ме прифати клубот и верувам дека ќе имаме многу успеси. Ги повикувам сите фанови на Олимпија да дојдат во што поголем број на нашите натпревари. Поддршката од трибините многу ќе ни значи, бидејќи вие сте нашиот 12. играч. Ветувам дека ќе го дадам максимумот со цел клубот да остварува добри резултати“, вели Крстаноска.

Најново во Фудбал