ВАКА ОДЛУЧИ ЖДРЕПКАТА ВО НИОН

Во плеј-офот на ЛШ против Црвена Звезда или Спартак Трнава

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за плеј-офот од Лигата на шампионите

објавено: 6 август 2018 - 12:13

Македонскиот шампион денеска го дозна противникот како последна пречка за влез во групите за натпреварувачката сезона 2018/2019 во елитното друштво.

Во делот на „Шампионскиот пат", Шкендија пред извлекувањето на двојките во плеј-офот за ЛШ беше носител и ги имаше следните можни противници: Јанг Бојс, и победниците од дуелите Карабах-БАТЕ Борисов, Малме-МОЛ Види и Црвена Звезда-Спартак Трнава.

Ждрепката одлучи избраниците на тренерот Ќатип Османи да се соочат во плеј-офот против победникот од дуелот Црвена Звезда (Србија) и Спартак Трнава (Словачка) се разбира ако претходно го елиминираат австрискиот Салцбург во третото квалификациско коло.

Тетовските „црвено-црните" би биле гости на првиот натпревар кој што ќе се одигра на 21/22 август, а реваншот во Скопје на „Филип Втори“ Арената на 28 или 29. август 2018 год.

Динамо Загреб на Аријан Адеми ако ја исфрлат Астана во следната фаза за ривал ќе го имаат јанг Бојс. Во делот на „Лигашкиот пат", Фенербахче на Елиф Елмас ако бидат подобри од Бенфика, ќе бркаат групи на ЛШ преку победникот од ПАОК-Спартак Москва. Унгарскиот Види на Бобан Николов ќе бркаат плеј-оф каде што ќе чека победникот од Селтик-АЕК.

Најново во Фудбал