македонскиот првак поразен со 4:0, но оди понатаму

Шкендија си играше со оган во Велс

Благодарение на победата од 5:0 на првата средба во Скопје, тетовци ќе играат во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите

објавено: 17 јули 2018 - 22:02

Шкендија загуби убедливо со 4:0 на гостувањето кај ТНС во Велс, но се радува. Македонскиот првак оди понатаму во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите, благодарение на победата во првиот меч од 5:0 во Скопје. 

Велшкиот првак на свој терен покажа дека е сосема поинаква екипа од тоа што го одигра на првите 90 минути во Скопје. Играчите на ТНС започнаа офанзивно и по нешто повеќе од половина час имаа предност од 3:0. Ебе во 15 минута, Редмонд во 30 и Кабанго во 33 погодија за убедливо водство на домаќините. 

Во второто полувреме домаќините напаѓаа во обид да ги достигнат петте гола негатива од првата средба, но не успеаа. Да биде маката на ТНС поголема, домаќините дадоа погодок во 96 минута, кога бирн биеше прецизно за 4:0. 

По завршување на мечот, иако Шкендија загуби убедливо, играчите на Ќатип Османи се радуваа на поминување во следната фаза. 

Најново во Фудбал