БИЛЕТИТЕ ЗА РЕВАНШ МЕЧОТ СО АВСТРИЈЦИТЕ

Шкендија-Салцбург по цена од 200 до 600 денари

Македонскиот шампион ја информираше јавноста околу влезниците за возвратниот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите.

објавено: 10 август 2018 - 11:40

Да потсетиме, реванш мечот ќе се игра на 12 август (вторник) на Арената „Филип Втори" - Скопје (20.15 часот), билетите ќе чинат од 200 до 600 денари.

После првите 90. минути австрискиот состав на Салцбург има предност од 3:0, а Шкендија ќе се обиде заедно со навивачите и нивната неопходна поддршка од трибините, да ја анулира негативата и се пласира во плеј-офот на ЛШ. Во спротивно избраниците на тренерот Османи ќе одат во плеј-офот на Лига Европа.

Продажни места:

Шкендија ФАНШОП, Тетово
Монако Тобако, Тетово
Вона 5, Гостивар
Југотон, Скопје
Skopje City Mall , Скопје

Влезници за дуелот Шкендија-Салцбург и во продажната мрежа на МКТикетс ЛИНК

Најново во Фудбал