Македонскиот шампион во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите за противник го има молдавскиот првак Шериф.
Шкендија во првиот меч ќе биде домаќин во главниот град, а обложувалниците повеќе им веруваат на гостинските играчи од Тираспол.
Иако во првото коло тетовските „црвено-црни" пред своите гледачи со 5:0 го декласираа ТНС, обложувалниците прогнозираат минимална победа од 0:1 за Шериф само поради фактот што на реваншот во Велс не импресионираа играчите на Османи кога загубија со 4:0.
Иако разликата не е толку голема, други извори велат дека 37% се верува во триумф на Шериф во Скопје, 29% се шансите за победа на Шкендија, а реми 34%.
Во својата историја Шкендија во европските УЕФА натпреварувања на домашен терен имала само три порази, од Партизан (0:1), Гент (0:4) и Милан (0:1), двапати ремизирала, а забележала вкупно осум победи.