квалификации за лигата на шампиони

Шкендија ја чека денешната ждрепка и евентуалниот следен ривал

Македонскиот првак утре игра против Шериф, а доколку биде поминат овој противник, ќе игра во третото квалификациско коло од елитната лига на УЕФА

објавено: 23 јули 2018 - 08:30

Македонскиот првак Шкендија веќе имаше една успешна европска мисија. Тетовчани го елиминираа велшкиот првак ВНС во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Утре започнува и втората мисија, односно двомечот против Шериф од Молдавија.

Доколку успее да се помине и овој ривал, Шкендија ќе игра во третото квалификациско коло од елитната лига на УЕФА. Европската фудбалска куќа денеска во 12 часот ќе ги извлече двојките за следното коло од ЛШ. Шкендија е во групата на неносители, а доколку го помине Шериф, како можни противници ќе ги има Салцбург, како и подобрите од двомечевите меѓу: Лудогорец (Буг) - Види (Унг), Селтик (Шко) - Розенборг (Нор), Легија (Пол) - Спартак (Слв), Астана (Каз) - Мидтјеланд (Дан), Кукс (Алб) - Карабах (Азе). 

 

Најново во Фудбал