ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ШОКИРАНИ

Шкендија губи 3:0 на полувреме од ТНС

Велшани веруваа дека може да ја достигнат негативата од 5:0 по првиот меч во Скопје, а според играта во првите 45 минути на реваншот 

објавено: 17 јули 2018 - 20:57

Шкендија е шокирана во Велс. По првите 45 минути македонскиот првак губи со 3:0 во дуелот со ТНС од реванш средбата во квалификациите за Лигата на шампионите. Тетовци на првиот дуел победија со 5:0, што значи дека сепак уште имаат позитива од два погодоци во вкупниот збир. 

Велшаните поведоа со погодокот на Ебе во 15 минута, а во 30 минута редмонд зголеми на 2:0. Веќе во 35 минута ТНс имаше предност од 3:0 благодарение на погодокот на Кабанго. 

Остануваат уште 45 минути во кои Шкендија треба да се обиде да не прими барем уште два гола или пак да постигне еден погодок, за помирен финиш на средбата. 

Најново во Фудбал