НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ОДБРАНАТА

Шкендија го потврди доаѓањето на Гледи Мици (Видео)

Македонскиот шампион наскоро ќе го промовира својот нов дефанзивец...

објавено: 21 јули 2018 - 10:28

Во пресрет на дуелите со Шериф од Молдавија во второто квалификациско коло на ЛШ, Шкендија го потврди доаѓањето на Гледи Мици.

Станува збор за лев бек кој досега ги бранеше боите на Скендербег, поранешен член на младата репрезентација на Албанија.

Тој треба да биде идеална замена за Цуцули во одбраната, во чиј дел Шкендија имаше многу проблеми во реваншот против ТНС во Велс кога беше претрпен пораз од 4:0 во првото квалификациско коло на ЛШ.

Тетовските „црвено-црни" предводени од тренерот Ќатип Османи наредниот вторник на „Филип Втори" Арената од 20.15 часот ќе го играат првиот дуел против тимот од Тираспол.

Најново во Фудбал