ЛШ, СЕ ОДИГРА РЕВАНШОТ ВО МОЛДАВИЈА

Шериф стои на патот на Шкендија! (Видео)

Познат е противникот на македонскиот шампион во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите...

објавено: 18 јули 2018 - 20:52

Шкендија вечерва го дозна ривалот откако Шериф на реваншот пред своите гледачи триумфираше со 3:0 над Торпедо.

Да потсетиме, на првиот дуел во Грузија Торпедо славеше минимално со 2:1. Денеска поразлично издание на Шериф кој најпрвин поведе уште во деветтата минута преку белгискиот интернационалец Бадибанга за 1:0, резултат кој веќе ги водеше Молдавците во следната фаза.

Сите дилеми околу севкупниот победник ги реши Бразилецот Жо Сантош со два голови реализирани во 40. (асистент Бадибанга) и 55. минута од средбата во Тираспол.

На стартот избраниците на тренерот Ќатип Османи покажаа две лица во двомечот со ТНС, најпрвин доминираа во Скопје (5:0), а во Велс неочекувано за фановите на тетовскиот клуб поразени со 4:0.

Според најавите Шкендија во рамките од второто квалификациско коло на ЛШ ќе биде домаќин на првиот натпревар (24/25 јули), а реваншот на теренот на противникот на 31. јули или 1. август.

Најново во Фудбал