РЕВАНШ, ЛИГА ЕВРОПА

САМО ВОЗДИШКИ: Ренџерс во 2 коло, чиста „десетка“ за храбриот Шкупи!

На реванш мечот од 1. квалификациско коло на Лига Европа, ФК Шкупи одигра храбри 0:0 против славниот Глазгов Ренџерс. Да потсетиме, на првиот дуел во Шкотска избраниците на менаџерот Џерард триумфираа со 2:0.

објавено: 17 јули 2018 - 19:44

Старт на натпреварот во идеални услови за игра, иако неисполнети трибините, владееше одлична создадена атмосфера од домашните навивачи на ФК Шкупи, „Шверцери" и оние помалку бројни на шкотскиот гигант.

Почетно тестирање на двете страни, иако сериозно почнаа и двете екипи со по неколку опасни акции, вистинска борба на средината кој повеќе да ја контролира топката. Првиот удар го упати, храбро Илијоски во 16. мин., во корнер ја изби голманот Мекгрегор. Неколку можности по ред во две минути имаше тимот на Радамни, но за среќа на гостите без погодок.

Се заканија и гостите преку Виндас, но Зендели успешно го блокираше ударот. Во 35. мин. хендикеп за Шкупи, откако се повреди при еден дуел Нчама, па на негово место влезе Шабани.

Немаше голови во првото полувреме, а и второто се почна со доминација на средината од теренот, не попуштаа ниту едните, ниту другите. Во 62. мин. убава прилика од слободен удар на работ од казнетиот простор имаа Шкотите, шутираше Виндас, но во живиот „ѕид". Сите чекавме барем еден гол да видиме, Муарем сам се најде пре Мекгрегор, но шансата штета пропадна.

Ривалите притиснаа нешто повеќе на половината на Шкупи, но и домаќините спорадично се закануваа, без некој нов посериозен удар. На крајот и покрај елиминацијата, голем резултат за тимот од „Чаир" кој одигра 0:0.

Шкупи: Зендели, Типуриќ, Билали, Муарем (Исмаили 90+1), Броја, Нчама (Шабани 35'), Кривањева, Илијоски, Вујчиќ (Мухарем 76'), Стојковски, Адем.

Шкупи тука ја завршува евро-сцената, а Глазгов Ренџерс во наредната фаза ќе игра против подобриот од дуелот меѓу хрватскиот Осиек-Петрокуб Хинчешти. Реваншот од тој меч ќе се игра в четврток од 20:45 часот, а по првите 90. минути во Молдавија резултатот е 1:1.

Првите натпревари од второто квалификациско коло на ЛЕ ќе се одиграат на 26. јули, а реванш средбите на 2. август.

Најново во Фудбал