ОДИГРА НЕКОЛКУ КОНТРОЛНИ МЕЧЕВИ ЗА ХРВАТСКИОТ ПРВОЛИГАШ

Руфати пред трансфер во Истра 1961!?

За својот претходен клуб Локомотива Загреб (У19) играше во младинската Лига на шампионите, а претходни мина и низ младите категории на Динамо Загреб.

објавено: 6 јули 2018 - 12:18

19-годишниот стопер Агрон Руфати кој има и хрватски пасош во изминатиот период е на проба во клуб кој до неодамна се наоѓаше во финансиски проблеми.

Станува збор за Истра 1961 во чиј состав настапи досега на неколку пријателски натпревари, беше стартер во победата над селекцијата на Истра (6:0), играше и во убедливиот триумф против словенечкиот второлигаш Анкаран (5:0). Клубот како подготовка за новата сезона најавува уште еден тест в сабота во Ново Место против Крка.

Како што дознаваме се очекува најверојатно наредната недела Руфати да биде официјално промовиран пред јавноста како нов фудбалер на хрватската Истра 1961 заедно покрај тренерот и останатите играчи кои ќе бидат претставени.

Беше дел од У18, потоа ги бранеше боите на У19 македонската репрезентација со која успеа лани да се пласира во елитната фаза квалификации на УЕФА за пласман на ЕП, а годинава беше повикан и од младата У21 селекција за контролните мечеви против Азербејџан.

Потсетување, поради финансиската криза минатата година клубот на Истра го напуштија двајцата наши интернационалци Ристо Митревски и Томе Китановски.

Информациите велат дека клубот сеуште се соочува со неподмирени долгови, но со доаѓањето на шпанската групација „Баскониа Алавес" на чело со новиот претседател Бранко Девиде Винсенти и спортскиот директор Пепе Калдерон се очекува наскоро повторно Истра да биде еден стабилен хрватски прволигаш.

Годишниот буџет на клубот се очекува да биде два милиони евра, Истра 1961 ќе биде една од екипите која ќе ја користи групацијата за развој на играчите, а планот на Шпанците во состав да нема фудбалери постари од 23. години, но се претпоставува дека ќе постои некаков исклучок.

Најново во Фудбал