ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА САЛЦБУРГ ПОСЛЕ ТРИУМФОТ ВО СКОПЈЕ

Росе: Замените ни ја донесоа победата, Ибраими е над другите во Шкендија!

Салцбург се радува на пласманот во плеј-офот на Лига на шампионите и сега го чека подобриот од Трнава-Црвена Звезда.

објавено: 14 август 2018 - 22:36

Од друга страна македонскиот шампион Шкендија оди во плеј-фот каде што најверојатно ќе ги одмери силите против норвешкиот Розенборг.

Тренерот на Салцбург, Марко Росе се радува за победата и за пласманот во следната рунда.

„Дадовме максимум, Шкендија играше добро, таа има добар тим. И посакувам успех во Лига Европа. Во целина Шкендија има добри играчи, Ибраими е над другите во клубот. Со оглед на првиот меч, резултатот не беше важен. Но, победа си е победа. Во вториот дел направивме замени и тие ни го донесоа триумфот во Скопје. Благодарност до домаќинот Шкендија".

Најново во Фудбал