ПРЕС НА АВСТРИЈЦИТЕ ПРЕД УТРЕШНИОТ РЕВАНШ ВО СКОПЈЕ

Росе: Арената ми буди убави спомени, не смееме да се опуштиме против Шкендија!

Тренерот на Салцбург ги сподели очекувањата во пресрет на возвратниот дуел со македонскиот шампион во најквалитетното европско фудбалско натпреварување

објавено: 13 август 2018 - 19:01

„И покрај предноста од 3:0, не смееме да се опуштиме. Со една претпазлива игра ќе се обидеме да дојдеме до уште една победа во овој двомеч и се пласираме во плеј-офот. Секако, нема да биде лесно, пред себе имаме еден многу добар тим. А тоа го покажа на првиот дуел со своите шанси кои ги имаше на наш терен. Исто така, „Филип Втори" Арената ми буди убави спомени кога бев дел од У19 тимот на Салцбург и дуелот против Вардар", изјави тренерот на Салцбург, Марко Росе на денешната прес-конференција.

Да потсетиме, реваншот во третото квалификациско коло од ЛШ ќе се игра во вторник со почеток од 20:15 часот на „Филип Втори" Арената, а Австријците имаат предност од 3:0 од првиот меч.

Фото: Петр Стојановски

Фудбалерот и капитен на Салцбург, Андреас Улмер:

„Фокусирани сме само на натпреварот кој што не очекува утре и сме добро подготвени. Мораме да играме на едно високо ниво и се надевам шансите кои ќе ги имаме ќе бидат реализирани и секако посакувам на крајот да се пласираме во плеј-офот од ЛШ".

Најново во Фудбал