ЧУДНО, НО ВИСТИНИТО КОГА СЕ ВО ПРАШАЊЕ ТОП СТРЕЛЦИТЕ ВО 1МФЛ

За „бомбардерите“ нема место во репрезентациите!?

Селекторот на „А" репрезентацијата Игор Ангеловски не смета на Бесарт Ибраими, додека оној на У-21 Добринко Илиевски пак не ги повикува Влатко Стојановски и Петар Петковски.

објавено: 17 октомври 2018 - 16:30

Јасно е дека нашата елитна лига и не може да се пофали со којзнае каков квалитет. Но, сепак, некои факти се неумоливи. А тоа е дека Бесарт Ибраими (Шкендија), Влатко Стојановски (Ренова) и Петар Петковски (Работнички), инаку првите тројца стрелци во Првата Лига на Македонија, во овој октомвриски репрезентативен циклус, не добија повик од селекторите. Имено предводникот на „А" репрезентацијата Игор Ангеловски не го повика најдобриот фудбалер на Шкендија, додека Добринко Илиевски пак не сметаше на младите Влатко Стојановски и Петар Петковски.

ЗАСЛУЖУВА ЛИ НОВ ПОВИК БЕСАРТ?

Ибраими важи за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на нашата Прва лига. Тој во минатите три сезони без никаква конкуренција беше прв „бомбардер", и во оваа сезона е прв на листата на стрелците. Ангеловски во минатото го повикуваше Ибраими, му даваше и солидна минутажа, но овој никако не успеваше да ја искористи, да ја оправда довербата. Секако дека кога му оди добро на селекторот Ангеловски тогаш нема што да му се приговара, но исто така во нападот конкуренцијата во нашата репрезентација е жестока. Тука се Пандев, Тричковски, Несторовски, Трајковски, па Хасани може да игра, секако Алиоски, Радески кој се уште е повреден. Потребни се длабоки анализи дали Бесарт Ибраими заслужува нов повик.

ПИЖОН БЕЗ ВЛАТКО И ПЕЦЕ...ШТО ЛИ МИСЛИ...

Рековме на Мрме не може да му се приговори. Затоа пак и тоа како потребно е да се критикува селекторот на надежите Добринко Илиевски - Пижон. И онака има слаби, очајни резултати, и онака не знаеме долго за победи, а тој замислете не ги повикува младите Влатко Стојановски од Ренова и Петар Петковски од Работнички. Овој вториот пред извесно време беше и капитен на У-21, и уште има право на настап. Со нив, а и двајцата се во супер форма сезонава, секако дека ќе дојдеме до подобар резултат.
Но, Пижон си знае најдобро... или не...

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ВО ПМФЛ

БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА) 8 ГОЛОВИ
ВЛАТКО СТОЈАНОВСКИ (РЕНОВА) 7 ГОЛОВИ
ПЕТАР ПЕТКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ) 6 ГОЛОВИ

Најново во Фудбал