Се е подготвено за настап во квалификациите за селекција У17

Вујовиќ ги отвори картите

Селекторот Марио Вујовиќ одлучи да им даде шанса на вкупно 20.фудбалери за турнирот кој во периодот од 20. до 26 октомври ќе се одржи во Скопје.

објавено: 18 октомври 2018 - 12:06

Селекторот на репрезентацијата У-17 Марио Вујовиќ, го комплетираше списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот квалификациски турнир во оваа возрасна категорија.

Вујовиќ одлучи да им даде шанса на вкупно 20.фудбалери за турнирот кој во периодот од 20. до 26 октомври ќе се одржи во Скопје.

Освен нашата селекција, за местата кои водат на ЕП ќе се борат уште и селекциите на Шпанија, која важи за топ-фаворит, репрезентацијата на Израел и на Фарските острови.

Инаку, турнирот го отвораме на 20. октомври (сабота), против најголемиот фаворит за првото место - селекцијата на Шпанија. 

 

Најново во Фудбал