ВИСТИНСКИ СТОЛБ ВО ОДБРАНАТА НА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ

ВИСАР МУСЛИУ: Само нека потрае ова...

Уште еден меч без примен гол е нашиот национален тим. Максимален ефект и во одбраната и во нападот. А еден од „виновниците" за една талва констатација, пред се во дефанзивата е Висар Муслиу

објавено: 9 септември 2018 - 21:13

Уште еден меч без примен гол е нашиот национален тим. Максимален ефект и во одбраната и во нападот. А еден од „виновниците" за една талва констатација, пред се во дефанзивата е Висар Муслиу
Дефанзивецот веројатно го одигра и својот најдобар натпревар откако е во дресот на нашиот национален тим. Едноставно делуваше непробојно младиот фудбалер во одбраната.

„Во овие седум последни натпревари покажавме карактер. Покажавме дека сме добра екипа. Мислам дека, колку што знам барем јас, Македонија никогаше нема постигнато вакви резултати.Но ние не треба да застанаме тука. Треба да продолжиме со вакви резултати и да стигнеме до нашата цел – првото место во групата".

Дали екипата полека ја „фати" некоја еуфорија по овие одлишни резултати?

„Да треба со двете нозе да останеме, долу на земја. Да гледаме напред од натпревар до натпревар. Да ги респектираме максимално противниците. Да оствариме добри резултари и да ја постигнеме нашата цел".

Најново во Фудбал