ВО НОВИОТ ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИСКИ НАТПРЕВАР ВО СКОПЈЕ

У21: Ни оди против Ерменците, одличен гол на Атанасов од слободен удар! (ВИДЕО)

Откако во изминатиот период сениорите триумфираа во главниот град, сега по нивните стапки тргнаа и младите до 21. година.

објавено: 11 септември 2018 - 16:23

Денеска на ФФМ Тренинг центарот нашата млада селекција го игра новиот меч од квалификациите за ЕП 2019. Македонија води после првото полувреме со 1:0 против Ерменија.

У21: Македонија: Стевковски, Маневски, Амановиќ, Трајановски, Тодороски, Здравковски, Јевтоски, Атанасов, Ѓорѓев, Ристовски, Митровски.

На работ од противничкиот шеснаесетник фаулиран беше Јевтоски од страна на Аветисјан, а од слободен удар во 26. минута позитива донесе Атанасов стрелајќи во долниот агол на немоќниот Авагјан.

Ова е првиот погодок за фудбалерот на турскиот клуб Бурсаспор, Јани Атанасов во овие квалификации.

 

Најново во Фудбал