ДЕНЕСКА МЛАДИТЕ ГО ИГРААТ ПРВИОТ ОД ДВАТА ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

У21: Македонија стартува против Србија

Репрезентацијата на Македонија до 21. година денеска од 13:00 часот ќе го игра првиот од двата закажани пријателски мечеви во Црна Гора. Србите се квалитетни во секоја генерација и нашите ги очекува еден силен тест натпревар

објавено: 16 ноември 2018 - 10:25

Како што веќе најавивме, овој е против соодветната селекција на Србија, која вчера веќе спарингуваше со домашната селекција, а денеска ќе настапат веројатно оние кои вчера паузираа.

Нашиот состав е веќе два дена таму, се аклиматизираше што се вели, и е подготвен за настап. Селекторот Илиевски најави дека овие два меча имаат за задача да се види кој од овие играчи имаат репрезентативен капацитет, и на кого ќе може во иднина да се смета за претстојниот квалификациски циклус.

Има доста новитети во нашиот тим, но и неколку староседелци кои веќе го имаат во себе начинот на функционирање на репрезентативниот табор и секако дека тие ќе треба да ги поведат соиграчите на денешниот меч.

Најново во Фудбал