ТРИУМФ НА МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ НАДЕЖИ, СЛЕДУВА УКРАИНА

У19: Колевски со два гола за победа над Летонија (ВИДЕО)

Во пријателски натпревар составот на Горан Станковски со 2:1 славеше против селекцијата на Летонија на меѓународниот турнир.

објавено: 6 септември 2018 - 17:00

Македонската репрезентација за играчи до 19. години дојде до победата благодарение на Бојан Колевски, играчот на Вардар (моментно на позајмица во Борец), кој двапати се запиша во листата на стрелците (57. и 75. мин.), противникот само го ублажи поразот во 79-та.

У19 Македонија: Велковски (голман), Антовски, Ивановски, Наумчевски, Симоновски, Османоски, Гроздановски, Талески, Колевски (капитен), Наумоски, Бериша.

Резерви: Тимевски (голман), Пановски, Ферати, Ѓорѓиевски, Димов, Адем, Љума, Трпчевски, Додевски.

Според најавите нашата селекција ќе има уште два контролни мечеви, најпрвин в сабота ќе игра со Украина, а в понеделник ќе ги одмери силите со Фарски Острови.

Ова се подготовки пред настапот на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во ноември против Хрватска, Чешка и Лихтенштајн.

Головите на Колевски за триумф на У19 Македонија против У19 Летонија (2:1) можете да ги погледнете на видео записот:

Најново во Фудбал