ВО ВТОРИОТ НАТПРЕВАР ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

У17: Нов пораз на македонските фудбалерки од Унгарија (ФОТО)

Денеска на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски" У17 македонската женска репрезентација загуби и на вториот меч од првата фаза во квалификациите за пласман на Европското првенство.

објавено: 23 септември 2018 - 17:44

Откако на стартот нашите фудбалерки загубија со 7:0 од француската селекција, овојпат поразот беше со помала разлика во дуелот со Унгарија која го доби мечот со 4:1.

Во првото полувреме уште во четвртата минута ривалот дојде до предност после голот на Ванеса Наѓ. Потоа, за период од пет минути (20-25) репрезентацијата на Унгарија уште повеќе ја зголеми својата предност со погодоците на Шандра Плонер и Доротја Шелер.

На стартот (47.) од вториот Шелер го постигна и нејзиниот втор погодок, а Македонија успеа само да намали преку Сара Велкова во 71. минута од средбата.

У17 Македонија: Апостолова, Лимани, Јанковска, Карпузовска (82' Петревска), Недева (52' Нешковска), Велкова, Ристеска (52' Јахји), Бошкоска, Панеска (82' Миленкова), Милчевска, Николовска.

Франција и Унгарија се на делба на првото место со шест бодови на табелата во групата 10, а последната трета средба избраничките на селекторот Тоше Нацев ќе го имаат на 26. октомври (среда) од 15:30 часот против Босна и Херцеговина.

Квалификации за ЕП (У17, жени)

3. коло (двојки, група 10):

26.09.2018 г. - среда

15.30 ч. Македонија - Босна и Херцеговина

15.30 ч. Унгарија - Франција

Табела:

1.Франција 6 бодови (13:0)
2.Унгарија 6 (5:1)
3.Босна и Херцеговина 0 (0:7)
4.Македонија 0 (1:11)

Фото: Петр Стојановски

Најново во Фудбал