ТРИУМФ НА МЛАДАТА СЕЛЕКЦИЈА НА ВТОРИОТ „ТЕСТ“ ВО БАКУ

У-21: Македонија со автогол го порази Азербејџан

Во вториот контролен натпревар, Македонија успеа да победи, односно Азербејџан самиот да се победи со автогол, а противникот не искористи и пенал

објавено: 27 мај 2018 - 20:14

Младата репрезентација на Македонија, беше подобра од Азербејџан и го совлада минимално со 1:0. Азербејџанците практично, сами се победија со автогол во 24. минута. Од тогаш немаше промени на резултатот. 

Вреди да се напомене дека во 60. минута Набиев не успеа да искористи удар од белата точка, односно Јанков успеа да му го одбрани неговиот удар. 

Ова беше втор пријателски меч со Азербејџан, откако првиот заврши без победник 1:1 пред неколку дена. 

Македонија настапи во состав: Јанков, Руфати, Јованов, Маневски, Садики, Миловановиќ, Атанасов, Здравковски, Трајчевски, Чурлинов, Ристовски. Уште играа: Тодороски, Стојменовски, Ферукоски, Тодоров, Трапановски, Имери, Богдановски. 

Најново во Фудбал