СЕЛЕКТОРОТ АНГЕЛОВСКИ СО СИЛНИ ГЛАВОБОЛКИ

Тројца повредени, Хасани без клуб, Ристевски, Нестор и Алекс во неизвесност

Најмалку 5-6 стартери во репрезентацијата си имаат свои проблеми. Радески и Зајков мора да одат на операција, Велковски е ровит. За месец и половина стартува Лигата на Нации.

објавено: 21 јули 2018 - 21:15

Малер до малер ја тера нашата фудбалска репрезентација, а со тоа главоболките на селекторот Игор Ангеловски од ден на ден се се поголеми. Имено Лигата на Нации стартува за месец и половина а најмалку 5-6 стартери си имаат свои проблеми.

Марјан Радески и Ѓоко Зајков се здобија со тешки повреди и ќе мораат на операција, значи ги чека долга пауза. Дарко Велковски пак е ровит и тој во Риека тренира – не тренира. Ферхан Хасани се уште нема клуб и далеку е од натпреварувачка форма. Кире Ристевски тренира со Вашаш, но е во потрага по ангажман, нешто слично се случува и со Илија Несторовски и Алекс Трајковски, кои пак денеска се запишаа во листата на стрелци на пријателскиот дуел со Сапада. Кога сме кај промена на клубовите, тоа ова лето треба да го сторат и Димитриевски и Адеми.

Ако е нешто добро тогаш тоа е фактот дека Елјиф Елмас во Фенербахче е стартер во овие подготвителни мечеви. Вечерва ја оправда довербата го постигна првиот гол во дресот на трускиот тим. Тоа значи дека „дијамантот" би можел да биде во преден план кај Ангеловски во септември.

Најново во Фудбал