БЕЗ КАЛКУЛАЦИИ

Србија со најсилен состав против Македонија

Селекторот на младата репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ го соопшти списокот за дуелот со Македонија закажан за седми септември. 

објавено: 25 август 2018 - 10:05

Селекторот на младата репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ го соопшти списокот за дуелот со Македонија закажан за седми септември. Нашиот северен сосед во Нови Сад ќе настапи со најсилен состав и нема да се штеди против „црвено-жолтите“ кои ги загубија сите шанси за пласман на Евроското првенство.

Марко Груиќ, Вујашин Јовановиќ, Милан Гаиќ, Лука Јовиќ, Иван Шапоњиќ се само дел од имињата кои ќе играат против Македонија. Србија е на првото место во групата, кое носи директен пласман, па токму затоа селекторот Ѓоровиќ нема да калкулира.

Селекторот на репрезентацијата на Македониј до 21 година, Добринко Илиевски повика 22 фудбалери за натпреварите против Србија и Ерменија.

 

 

Најново во Фудбал