КОНЕЧНО ДОЈДЕ И ТОЈ МОМЕНТ

„Спортклуб" за прв пат со пренос на македонски јазик!

„Спортклуб“ воведе македонски коментатор за натпреварите на Македонија во Лигата на нации... А прв натпревар со коментар на македонски јазик е вечерашниот, помеѓу селекциите на Македонија и Ерменија од 18 часот на Спортклуб 1.

објавено: 9 септември 2018 - 13:50

Еден од водечките специјализирани спортски канали, „Спортклуб" реши за прв пат да вклучи коментатор од Македонија за натпреварите во Лигата на нации, ново натпреварување на УЕФА преку кое Македонија се надева на пласман на ЕП 2020 година.

„Спортклуб" го избра Бранко Илиевски, долгогодишен спортски новинар и коментатор препознатлив со својот глас и коментирање на натпреварите од „Серија А" во времето кога ТВ Телма емитуваше натpревари од оваа лига.

„Спортклуб" ги има ТВ правата од настапите на националниот тим во Лигата на нациите и квалификациите за ЕП кои почнуваaт во март, наредната година.

 

Најново во Фудбал