МЕЧОТ ОД ЛИГАТА НА НАЦИИ ЌЕ СЕ ИГРА НА 16 НОЕМВРИ ВО ВАДУЦ

Составот на Лихтенштајн за дуелот со Македонија (ФОТО)

Како што е веќе објавено селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за последните два натпревари од групата во УЕФА Лига на нации за пласман на ЕУРО 2020 година.

објавено: 8 ноември 2018 - 16:10

За натпреварите против Лихтенштајн на 16. ноември во Вадуц и домашниот дуел со Гибралтар на 19. ноември, нашиот предводник ќе смета на вкупно 21 фудбалер. ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Денеска исто така селекторот на Лихтенштајн, Рене Паурич откри со имиња ќе настапи на претстојниот дуел со нашата селекција кој ќе се одигра на 16. ноември (петок) на „Рејнпарк" стадионот во Вадуц со почеток од 20:45 часот.

Паурич направи пет промени во однос на октомврискиот состав, трет голман на клупата ќе биде Лоренцо Ло Русо, а во националниот тим се враќаат Даниел Брандл, Јенс Хофер (повикан од У21), Иван Квинтанс и Матијас Селе. Тие ги заменуваат Винценц Флац, Робин Губсер, Никлас Кибер и Сандро Волфингер.

Поради жолти картони на натпреварот против Македонија нема да може да смета на напаѓачот на Емполи, Марсел Бухел и дефанзивецот Даниел Кауфман, но ќе настапат против Ерменија во последниот меч од групата 4 во Лигата „Д".

Составот на Лихтенштајн за дуелот против Македонија:

Голман -
Бенџамин Бухел
Томас Хоби
Лоренцо Ло Русо

Одбрана -
Даниел Брандл
Фабиан Еберле
Максимилијан Гопел
Јенс Хофер
Даниел Кауфман
Андреа Малин
Иван Квинтанс
Мартин Рехстајдер
Сандро Визер

Среден ред -
Мартин Бухел
Николас Хаслер
Ливио Мејер
Мишел Полверино
Арон Селе
Матијас Селе
Марко Волфингер
Сејахн Јилдиз

Напад -
Марсел Бухел
Филип Ерне
Денис Салановиќ

Најново во Фудбал