ВО ГИБРАЛТАР ПОДГОТВЕНИ ЗА ИСТОРИЈА

Со срце ќе се бориме против Македонија

*Наше е да дадеме се на теренот, да играме со срце и 100% од нашите можности. Дали тоа ќе биде доволно и ќе ни донесе успех ќе видиме утре", е изјавата на Ентони Бардон

објавено: 5 септември 2018 - 13:34

Прв официјален меч за Гибралтар на домашен терен. Македонија ја има таа чест. Домашните фудбалери се подготвени за предизвикот иако и самите се свесни дека гостинот е фаворит.

„Нам ни преостанува да дадеме се од себе. Имаме голем мотив затоа што првпат дома играме меч за бодови пред нашата публика. Ќе играме од срце, ќе дадеме се од себе. Но дали тоа ќе ни донесе успех зависи од противникот, колку тој ќе биде добар на теренот. Ваквата формула ни донесе победа над Латвија...", изјави на прес конференцијата Ентони Бардон, стандардниот фудбалер за врска во националниот тим на Гибралтар.

 

ДЕБИ ЗА СЕЛЕКТОРОТ ХУЛИО ЦЕЗАР РИБАС
Искусниот стратег Хулио Цезар Рибас утре ќе дебитира за селекцијата на Гибралтар како нивни селектор. Тој од клупата на екипата на Линколн доаѓа во националниот тим како заслуга за историската победа на оваа екипа над Селтик минатата година.

"За мене ова е посебан чест. Дебитирам на меч на кој Гибралтар дебитира на домашен терен на официјален меч. Јас верувам во нашите момци кои се подготвени да дадат се од себе за својата земја. Македонија го има Пандев и уште неколку одлични млади фудналери. Тие се фаворити но ние сакаме да не загубиме", вели стратегот кој инаку е Уругваец.

Најново во Фудбал