Филип Гачевски го подигна својот глас

Селекторе, кажете зошто не сум во репрезентација!?

По објавувањето на списокот на Игор Ангеловски за натпреварите на Македонија против Гибралтар и Ерменија, Голманот на Вардар кој брани во одлична форма, Филип Гачевски,излезе со своја реакција во јавноста.

објавено: 29 август 2018 - 17:32

По објавувањето на списокот на Игор Ангеловски за натпреварите на Македонија против Гибралтар и Ерменија, Голманот на Вардар кој брани во одлична форма, Филип Гачевски,излезе со своја реакција во јавноста.

Гачевски вели дека по долго молчење се одлучил да излезе со оваа реакција:

„Сон на секој фудбалер е да игра за репрезентативниот дрес. Јас бев во репрезентација и верувам во оваа генерација, сигурен сум дека ќе успеат. Но, за жал, имаме селектор кој се величи и се прави дека е најдобар селектор, а луѓето не знаат каков човек е. Да, имаме добри резултати, ама сигурен сум дека тоа не е само поради него, туку затоа што имаме топ генерација. Јас се одлучив да го напишам овој статус затоа што година и пол трпам затоа што не можам да влезам во репрезентацијата. Затоа денес ќе кажам што ме мачи. Знам дека направив грешка... Игор Ангеловски, дали Вие знаете дека во таа местенка што ми ја спремивте не бев сам??? Другите и денес играат за репрезентацијата, а јас не сум ни близу неа. Селекторе, ако веќе се правите селектор, барем имајте малку машкост и јавете ми се лично и кажете дека не сакате да сум во репрезентацијата. А, не да дознавам преку другите. Јавно ме навредувате во репрезентацијата, пред сите! Добро, важно е да ставате слики на Фејсбук или Инстаграм, барем таму сте главни. Голема срамота е да се прават шеми во репрезентацијата, но Господ е голем. Сите репрезентации во светот имаат 22 или 23 фудбалери, само Вие сте специјалист, со 18 фудбалери. Ама за жал, тука е се можно. Голем специјалист си за играчи што не играат во клубовите или не се меѓу 18 повикани, а ти ги земаш. Па нормално, Вашите лични интереси се во игра! За себе можам да кажам дека секогаш играв со срце, така и ќе остане. Преку 90 меча за најголемиот во Македонија (н.з. Вардар), историски пласман во Лига Европа, ама повикот никако да се добие! Го паметам мечот со Фенербахче, и Вие бевте таму Игор Ангеловски, сакавте да честитате, ама најсмешно беше што обезбедувањето не Ви дозволуваше. Најтрагично е што глумевте дека го сакате Вардар, а сите знаеме дека не е така. Баш ме интересира што ќе правите кога нема да сте селектор. Кога сите Ваши дела ќе излезат на површина. Не се правдам, нема да се откажам од репрезентацијата. Нема да Ви успее такво нешто. За жал другите се откажаа, но со мене нема да Ви успее. По кој критериум повикуваш голмани кои не бранат во своите клубови или не се ниту на клупа? Сепак, ова е репрезентација, а не Ваш приватен клуб?" - вели Гачевски на својто фејсбук профил.

Избор меѓу стативите на Ангеловски се Столе Димитриевски од шпански Гимнастик, како и Давид Митов Нилсон од шведски Норчепинг. Македонија на првиот собир кој ќе биде во Гибралтар за првиот меч во Лигата на нациите ќе има 18 фудбалери

Најново во Фудбал