ПРЕКРАСЕН ПОГОДОК ВО ПРВИОТ ДЕЛ ИМАШЕ ЕНИС БАРДИ

Се оди според планираното: Македонија само минимално води против Гибралтар!

Македонската фудбалска А репрезентација води заслужено 1:0 после првото полувреме против Гибралтар во последниот шести натпревар од групата 4 (Лига „Д") и првото место е се поблиску кое води во плеј-офот за ЕУРО 2020, како и учество во повисок ранг Лига „Ц".

објавено: 19 ноември 2018 - 21:42

Уште во третата минута имавме шанса да го отвориме резултатот, повратниците беа во главна улога Алиоски до Елмас, но фудбалерот на Фенербахче за малку беше непрецизен во својот обид од околу 15. метри.

Уште од самиот старт го бркавме првиот гол, играчите на Палермо беа во центарот на вниманието, Трајковски го пронајде Несторовски, а овој вториот во последен момент беше блокиран.

Се редеа шансите, во деветтата минута нова убава прилика овојпат од страна на Барди кој упати силен удар, но со сите сили успеа да одбрани Кафер, а две минути подоцна излезе и како победник против Тричковски на самиот петерец.

Конечно сиот налет од првата минута се исплатеше во 27-та, фантастичен погодок на Барди, играчот на Леванте кој најпрво се ослободи од еден противнички играч, и виде веднаш дека излезен беше малку противничкиот голман, и со многу добро чувство прекрасно стрелаше за водство од 1:0.

Противникот воглавно ориентиран на одбраната, но ја бараше својата шанса од контрите, во 42. мин. имавме многу среќа, бидејќи се прошета една одбрана низ нашите дефанзивци, за среќа никој не постави нога. Претходно Барди имаше нова можност овојпат од слободен удар, но Кафер овојпат беше поуспешен.

Непосредно пред паузата можеше да биде зголемена позитивата, после центаршутот на Алиоски, дојде една топка за Тричковски, повторно за малку покрај голот на Гибралтар. После првото полувреме Македонија-Гибралтар 1:0, апсолутно заслужено водевме и се одеше според планираното.

Лига на нации

Филип Втори Арена: 3000 гледачи

Лига „Д" (Група 4, 6. коло)

Македонија-Гибралтар (1:0) Енис Барди 27'

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Муслиу, Тричковски (капитен), Алиоски, Трајковски, Бејтулаи, Николов, Барди, Елмас, Несторовски.

Најново во Фудбал