ИГРАЧОТ НА СПОРТИНГ ВЕЛИ ДЕКА СИТЕ НАПОРНО РАБОТАТ ЗА ТОА ЕП

Ристовски: Убаво што трае оваа серија, не сакаме тука да застанеме! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска А репрезентација е веќе во Ереван и ги започнува подготовките за новиот четврти натпревар од УЕФА Лигата на нации против Ерменија во вторник со почеток од 18:00 часот. Стомачниот вирус што ги зафати дел од фудбалерите непосредно пред дуелот со Лихтенштајн е веќе минато, и според зборовите на докторот сега сите се во ред и дека нема веќе последици од вирусот.

објавено: 14 октомври 2018 - 17:17

Од Ереван, Огнен Дојчиновски

После триумфот над Лихтенштајн во Скопје (1:4) веднаш избраниците на селекторот Игор Ангеловски почнаа да се фокусираат пред можеби најважната средба преку која ќе се бара позитивен резултат и уште поголемо доближување до првото место во групата 4 од Лигата „Д". 

„Ерменија станува збор за една квалитетна репрезентација. Не смее да не излаже овој пораз што го претрпеа од Гибралтар. Во Скопје покажаа дека имаат доста квалитет, со навистина добри контрананади. Утрешниот меч ќе биде тежок и цврст, ќе одлучуваат тие неколку моменти, дуели на теренот, така што дојдени сме да земеме бодови, да покажеме дека имаме квалитет, тоа што го започнавме, да ја докажеме нашата цел во овие циклуси", изјави македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

Одбранбениот фудбалер на португалскиот клуб Спортинг Лисабон сигурно очекуваме една борбена и добра игра и се надева на победа.

„Во денешно време фаворити не постојат во фудбалот. Еве тоа го докажа Гибралтар против ерменската репрезентација. Мораме да се исклучиме од тоа и да го покажеме она што сме започнале. Ние тренираме напорно со цел Македонија да игра на Европското првенство", додаде Ристовски.

Ерменците сега се свесни дека се во незавидна ситуација, тие ни остануваат најголеми конкуренти за првото место во групата, сега се поставува прашањето дали на мечот против нас ќе пристапат со голем интензитет, со намера да се вратат на вистинскиот пат:

„Да, сигурно се лути и ќе сакаат пред нивните навивачи да покажат. Можеби и притисокот е поголем на нивна страна. Значи, во вторник е нов натпревар, се е отворено, ништо не се знае, се зависи од нас. Воедно убаво што трае и оваа наша серија на позитивни резултати, убаво што трае. Ете бевме во еден лош момент каде што не знавме каде бевме, не знаевме што да правиме, бевме на 140. место. Излегоа нови играчи сега на виделина, кои што се квалитетни, тоа го покажуваат и во своите клубови и играат стандардно што е секако многу важно во денешно време. Тешко е да се избориме, истакнете во такви големи клубови. Значи, не сакаме да застанеме тука, напорно работиме и времето нека покаже како ќе биде", заврши дефанзивецот.

Најново во Фудбал