МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКА МЕЧОТ

Ристевски: Од нас зависи дали ќе биде лесно против Лихтенштајн!

Кире Ристевски, фудбалерот на унгарски Ујпешт вели дека максимално се подготвува селекција за новиот дуел во УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн.

објавено: 11 октомври 2018 - 11:19

Мечот ќе се игра в сабота од 20:45 часот на „Филип Втори" Арената во Скопје во рамките од третото коло во групата 4 од Лигата „Д".

Смета дека треба максимално да му се пристапи на оваа средба и само од нив зависи дали ќе имаат лесна задача против следниот ривал.

„Засега се е во ред. Значи, нема никаква повреда во репрезентацијата. Се подготвуваме максимално со полна пареа и се надевам дека сите сме подготвени и со нетрпение го чекаме натпреварот против Лихтенштајн. Се зависи од нас како ќе влеземе на тој меч. Наше е 100% да му пристапиме на овој дуел и да ја оправдаме таа фаворитска улога и нормално сите 90. минути со судиското надополнување да се одиграат максимално до крај", изјави македонскиот репрезентативец Кире Ристевски.

Најново во Фудбал