ПО ПОРАЗОТ ОЧЕКУВАНА РЕАКЦИЈА НА ПРОТИВНИКОТ

Рене Паурич лут: Дадовте спорен гол, не ја заслуживте победата

„Денеска научив некои нови правила. При првиот гол на Македонија еден наш играч лежеше на теренот. Не ја заслуживте победата...", истакна селекторот на Лихтенштајн.

објавено: 16 ноември 2018 - 23:14

Од Вадуц,

Игор Д. Ивановски

Домашниот селектор Рене Паурич со очекувана реакција на прес конференцијата. Го оспори голот на Барди и победата на Македонија.

„На ваков начин не е нормално да се добијат 3 бода. Ова за мене е ново искуство кое не сум го видел до сега. Додека наш играч бараше лекарска помош, Македонија не ја исфрли топката во аут, нападна и од тој напад добија фаул по кој падна голот, а наш играч заработи црвен картон. Не е фер да се победи на ваков начин. Не заслуживте победа, ние одигравме за бод", е ставот на селекторот на Лихтенштајн.

Најново во Фудбал