В ЧЕТВРТОК ОД 20:45 ЧАСОТ ЌЕ ИГРААТ ГИБРАЛТАР И МАКЕДОНИЈА

Почна мисијата „Лига на нации“: Одиме на прво место! (ФОТО)

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски реализираат подготовките за првиот натпревар на „Викторија" стадионот во рамките од последната Лига Д.

објавено: 5 септември 2018 - 14:06

„Црвено-жолтите" се навикнаа на временските услови и на условите за игра, пред се на теренот.
Стратегот на македонската А репрезентација верува во своите фудбалери и убеден е дека ќе се остварат позитивни резултати.

Нема да се експериментира со тимот, ќе настапат најдобрите. Сите веруваат во еден вистински пристап и со победа да се започне ова ново УЕФА натпреварување, преку кое ќе се бара шанса за настап на Европското првенство 2020. година.

В четврток започнува мисијата „Лига на нации", во групата 4 со Гибралтар, Лихтенштајн и Ерменија, првата цел е најпрвин да се освои првото место.

Секако главното внимание ќе биде насочено кон напаѓачите од кои очекуваме се повеќе голови, Пандев, Несторовски, Тричковски, Трајковски...но секако не се сомневаме и во останатите како на пример Николов, Елмас, Алиоски, Барди, Ристовски...

Најново во Фудбал