ЕРМЕНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПРЕД УТРЕШНИОТ МЕЧ

Пизели: Ќе биде уште посрамно, ако играме вака и против Македонија!

После три кола македонската А репрезентација има девет максимални бодови и е многу блиску до обезбедување на првото место во групата 4 од Лигата „Д".

објавено: 15 октомври 2018 - 08:15

Во вторник со почеток од 18:00 часот избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе играат во Ереван против селекцијата на Ерменија со надеж дека ќе освојат нови три големи бода.

Во саботата во Скопје нашите најдобри фудбалери славеа со 4:1 над Лихтенштајн, а шокирани беа Ерменците на домашен терен од Гибралтар (0:1).

„Навистина доживеавме голем срам против Гибралтар. Игравме многу лошо, што можам да кажам? Мораме да го оставиме овој болен пораз зад нас и веќе да мислиме за дуелот со Македонија. Ако играме и вака и против наредниот наш ривал, ќе биде уште полошо за нас, посрамо", се зборовите на играчот за врска во нападот, Маркос Пизели кој е роден во Бразил, но игра за Ерменците.

Најново во Фудбал