СЕЛЕКТОРОТ НА ЛИХТЕНШТАЈН ПРЕД СЛЕДНИОТ МЕЧ ВО ЛИГА НА НАЦИИ

Паурич: Го видовте Гибралтар, истото нека се случи и против Македонија!

Следниот противник на Македонија во УЕФА Лигата на нации, репрезентација на Лихтенштајн исто така ги започна подготовките за мечот кој што ќе се одигра во Вадуц на 16. ноември со почеток од 20:45 часот.

објавено: 12 ноември 2018 - 18:00

Избраниците на селекторот Рене Паурич го имаа првиот тренинг во Балзерс каде што ја темпираат формата за дуелот со нашата селекција, недостасуваше Сејхан Јилдиз поради повреда во краток период за последните две кола во Лигата „Д".

Во претходните две средби Лихтенштајн загуби од Македонија во Скопје со 4:1, а потоа и од Гибралтар (2:1) и на тој начин веќе и ги загуби шансите за највисок пласман во групата 4 каде што води Македонија со девет бодови, по шест имаат Гибралтар и Ерменија, а последен е Лихтенштајн (три).

Лихтенштајн најавува дека и покрај таквата ситуација во завршните два меча ќе го даде максимумот со цел да извлече позитивни резултати и освои бодови.

„Очекуваме два тешки натпревари, од друга страна мислам дека на претходните средби имавме свои шанси, па сега сакаме сето тоа да се реализира во наша корист", рече Паурич.

Ја истакнува поддршката што ја имал Гибралтар на домашен терен, причина која домаќинот дојде до триумф, а сега селекторот на Лихтенштајн сака истото да почувствува и на „Рејнпарк" стадионот против Македонија.

„Би било убаво да дојдат нашите навивачи и ни ја дадат потребната поддршка за дуелите против Македонија и Ерменија".

Најново во Фудбал