ИЗНУДИ ПЕНАЛ, ДАДЕ ГОЛ, ТОА Е КАПИТЕНОТ НА МАКЕДОНИЈА

ПАНДЕВ: Порано, кога игравме добро, губевме, но сега сме зрели за голем резултат!

Горан Пандев, и не треба да се трошат премногу зборови за придонесот на капитенот на нашиот национален тим и на овој натпревар со Ерменија.

објавено: 9 септември 2018 - 20:47

Горан Пандев, и не треба да се трошат премногу зборови за придонесот на капитенот на нашиот национален тим и на овој натпревар со Ерменија.
Прво изнуди пенал, кој Алиоски го претвори во гол, а потоа и самиот се запиша во листата на тсрелците по асистенцијата на Трајковски, за чисто (2:0) за Македонија, и реализација на планираната цел во септември.

 

„Игравме два натпревари, бевме фаворити. Извојувавме две рутински победи и мислам дека оваа генерација е зрела да направи нешто големо. Одиме од натпревар во натпревар. Не чекаат уште два во следниот циклус. Очекувам и во тие да прикажеме добри игри и конечно сето ова што го покажуваме на теренот да ни се врати со еден голем резултат, настап на едно големо натпреварување".

Запрашан за тоа колку е задоволен од играта, капитенот на напито национален тим вели:

„Па сигурно е дека секогаш може и мора повеќе. Порано кога игравме добро губевме. Сега играме многу позрело . и победуваме, што е најважно"- појаснува Пандев.

Најново во Фудбал