ИСПИША РЕКОРД ВО ДРЕСОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Пандев е капитенот над капитените

Горан Пандев е новиот рекордер по бројот на настапи како капитен на македонската репрезентација. 

објавено: 16 октомври 2018 - 09:00

Горан Пандев е новиот рекордер во македонската репрезентација по бројот на настапите како капитен на „црвено-жолтите“. Нашиот најдобар фудбалер до ова остварување дојде на дуелот против Лихтенштајн во Скопје, кога го одигра 44. натпревар со капитенската лента. 

На првото место на оваа листа беше некогашниот репрезентативец, Гоце Седлоски, кој на 43. мечеви бил капитен на нашиот најдобар национален состав. Пандев долго време ќе остане на врвот, на неговиот наследник ќе му бидат потребни години за да го престигне. 

1. Горан Пандев (97) 44
2. Гоце Седлоски (100) 43
3. Тони Мицевски (44) 12
4. Величе Шумуликоски (84) 11
5. Томе Пачовски (46) 10
6. Артим Шаќири (72) 10
7. Дарко Панчев (6) 6

Пандев во ноември ќе израмни уште еден рекорд кој е во сопственот на Седлоски, а тоа е по бројот на настапи во „црвено-жолтиот“ дрес. Секогашниот предводник на Широки Брег има одиграно 100 натпревари, а додека фудбалерот на Џенова со денешниот дуел против Ерменија во рамките на четвртото коло во Лигата на нации ќе дојде до бројката 98. 

Најново во Фудбал