АСИСТЕНТОТ НА ДВАТА ГОЛА ВО ПОБЕДАТА НАД ЛИХТЕНШТАЈН

Озбилиз: Ќе биде тешко против Македонија!

Ерменскиот репрезентативец пред неделниот натпревар со Македонија во Скопје од УЕФА Лигата на нации ги споделува очекувањата, свесен за најголемата пречка во групата 4.

објавено: 8 септември 2018 - 19:00

Арас Озбилиз беше асистент на двата гола во првиот триумф дома над Лихтенштајн (2:1), стрелци беа Пицели и Вардарецот Барсегјан.

28-годишното крило има вкупно 35. мечеви и шест погодоци за својата национална А селекција, на клупско ниво беше дел од реномирани клубови како Ајакс, Спартак Москва, Бешикташ.., а токму од турскиот тим моментно е на позајмица во холандската екипа Вилем 2.

„Можевме да постигнеме уште голови против Лихтенштајн, за жал примивме еден, што малку ја разниша нашата игра. Како и да е, на крајот важни беа трите бода. Претстојниот дуел против Македонија ќе биде тежок, максимално се подготвуваме и ги анализираме нашите грешки кои беа присутни во првиот меч од ова натпреварување", рече Озбилиз.

Најново во Фудбал