ВО ЕРЕВАН СЕ ИГРА МОЖЕБИ КЛУЧНИОТ ДУЕЛ ЗА ВРВОТ

Обложувалниците ни даваат мала предност за триумф над Ерменија (ФОТО)

Националниот тим на Македонија после саботната победа над Лихтенштајн во Скопје, веќе се наоѓа Ереван каде што веќе го одработи првиот тренинг.

објавено: 15 октомври 2018 - 08:45

Репрезентативците тренираа во тренинг центарот на Фудбалската федерација на Арменија, а тимот работеше разделен на два дела. Играчите што играа против Лихтенштајн имаа полесен тренинг, а останатите тренираа со полн интензитет.

Добрата атмосфера што го краси тимот е присутна и во Ереван, после трите победи само бод ни е доволен за да го потврдиме првото место во групата, меѓутоа сите се решени да се нападне четврта победа во Лигата на Нации.

Во меѓувреме обложувалниците го кажуваат своето размислување околу тоа кој има поголеми шанси за триумф во вторник (18:00 часот), а мала предност им се даваат на избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

Квотата за победа на Македонија се движи од 2.51 до 2.61, а за триумф на Ерменија од 2.70 до 2.93, значи разликата не е голема, во прв план се гледа квалитетот на репрезентациите и покрај шокот на нашите противници и убедливиот триумф над Лихтенштајн во Скопје.

Не е голема разлика меѓу квотите и од аспект на головите, поголема е веројатноста дека ќе се постигнат три или повеќе голови, иако одредени обложувалници типуваат точен резултат 1:1.

Најново во Фудбал