ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО НИВНИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА?

Обложувалниците го прогнозираат мечот Гибралтар-Македонија! (ФОТО)

објавено: 6 септември 2018 - 08:00

На сениорско репрезентативно ниво прв пат се сретнуваат овие две селекции, јасно е тоа дека Македонија е фаворит во освојувањето на трите бода, но од друга страна и Гибралтар ќе ги бара своите шанси после победата од 1:0 против Летонија во март годинава со голот на Лиам Вокер.

Обложувалниците типуваат победа на Македонија (1.40 квота), а од аспект на головите очекуваме да паднат минимум три или повеќе, односно 3+ (квота 1.66).

Други очекуваат победа без примен гол од 5:0 за Македонија, или ако сакате од обложувачки аспект 4+ со добра квота од 2.18.

Очекуваме целосна контрола на нашите фудбалери на теренот, очекуваме противничката мрежа на домаќините да ја тресат особено Несторовски, Трајковски, Пандев...Фаворитската улога ја имаме, но тоа треба да се докаже на теренот.

Нашата селекција нема пораз од 11. јуни 2017. година кога дома загуби од Шпанија (1:2), а оттогаш па досега ремизираше со Албанија, Италија, Финска и Азербејџан, а триумфираше над Лихтенштајн и Норвешка. Севкупно „црвено-жолтите" имаат само еден пораз во последните 10. меча.

УЕФА Лига на нации (Лига Д, група 4)

Гибралтар-Македонија (Тип 2 и 3+)

Стадион „Викторија"
Четврток, 6. септември (20:45 ч.)

Најново во Фудбал