СРАМНА ПОСЕТА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Нов селектор, деби со победа, но и тоа не е доволно: едвај 2.000 гледачи го поздравија Ѓуровски! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

објавено: 5 март 2014 - 21:03

Новиот македонски фудбалски селектор Бошко Ѓуровски со победа дебитираше на клупата на нашата сениорска селекција, во Скопје падна Летонија со 2-1, но триумфот има горчлив вкус. На трибините на промоцијата на новиот селектор се собраа едвај 2.000 навивачи, но тоа е премалку репрезентативците и стручниот штаб да почуствуваат дека имаат поддршка какква што треба. Малкумината Летонци на „Филип Втори“ на моменти беа најгласни во гледалиштето, што секако е во најмала рака - трагично.

Најново во Фудбал