ТРЕБА ДА СЕ ОДИ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР КОН ПРВОТО МЕСТО

Николов: Не потценуваме никого, но реално, ние сме фаворити!

Нашиот фудбалер од средниот ред, Бобан Николов вели дека почетокот на натпреварувањето е исклучително важен и дека сите ќе го дадат максимумот за да се оствари победа.

објавено: 4 септември 2018 - 08:00

Лигата на Нации ја отвораме со гостување во Гибралтар в четврток на вештачка трева со почеток од 20:45 часот.

Потоа, македонска најдобра репрезентација првиот домашен натпревар од Лига на Нации ќе го игра на 09. септември 2018. против Ерменија со почеток во 18:00 часот на Националната арена „Филип Втори" во Скопје.

„Двата први натпревари и против Гибралтар и против Ерменија се многу важни. За нас ова е голем предизвик, но треба да одиме чекор по чекор кон првото место. Сега се фокусираме на мечот против Гибралтар, а многу е важно да почнеме со победа. Очекувам добар натпревар, треба да влеземе максимално подготвени. Реално, ние сме фаворити, но не треба да потцениме ниедна репрезентација, затоа што фудбалот носи секакви изненадувања", вели Николов.

Најново во Фудбал