ГИ ПОСТАВИ КОНЕЧНИТЕ 0-2

Нестор го разби малерот: Од Вадуц до Вадуц

Македонската фудбалска репрезентација го направи најважниот чекор кон пласманот во плеј-фот во Лигата на нации, на гостувањето кај Лихтенштајн славеше со 0-2 во претпоследниот меч од групната фаза. На нашите момци им преостанува да го одиграат уште дуелот со Гибралтар на домашен терен. 

објавено: 16 ноември 2018 - 23:39

Од Вадуц,

Игор Д. Ивановски

Илија Несторовски ја завери победата на Македонија на дуелот со Лихтенштајн со тоа што постигна гол за националниот тим по подолго време. 

„Токму од дуелот во Вадуц како да тргна се наопаку. Прво промашив пенал, а потоа дадов два гола, кои беа последни во дресот на националниот тим. Се надевам дека по овој гол ќе тргне добро. Му благодарам на мојот клупски соиграч Трајковски за прекрасната асистенција. Во оваа репрезентација не е важно кој постигнува гол, а кој асистира, најважни се успесите. Во понеделник останува да го одиграме мечот со Гибралтар на кој се апсолутни фаворити, за жал во составот ќе го немаме капитенот Горан Пандев, секогаш е тешко без него“, рече Несторовски. 

 

Најново во Фудбал