НЕПОТРЕБНО КАПИТЕНОТ ДОБИ ЖОЛТ КАРТОН ВО ВАДУЦ

Не игра со Гибралтар, Пандев ќе почека на „стотката“!

Еден од најискусните репрезентативци на Македонија, Горан Пандев нема да настапи во последниот шести натпревар во Лигата на нации в понеделник (19. ноември) поради жолти картони.

објавено: 16 ноември 2018 - 22:06

Од Вадуц,

Игор Д. Ивановски

Нашата селекција ќе ги одмери силите против Гибралтар, меч преку кој на Националната Арена „Филип Втори" - Скопје (20:45 ч.) ќе се слави освојувањето на првото место во групата 4 од Лигата „Д".

Ќе мора тоа избраниците на селекторот Игор Ангеловски да го направат без Пандев кој ќе почека на својот 100. јубилеен меч во сениорскиот национален дрес.

На денешниот меч чешкиот судија Арделеану во 49. минута го санкционираше нашиот фудбалер на мечот со Лихтенштајн поради прекршок со лакт кон Селе.

Најново во Фудбал