Ерменците имале долга ноќ по поразот од Гибралтар

Навивачите ги чекале репрезентативците на Ерменија и барале објаснување (ВИДЕО)

Само Јури Мовсисјан имал храброст да се појави пред насобраните навивачи и отворено да зборува за она што се случува во националниот тим.

објавено: 14 октомври 2018 - 20:52

Ноќта по најтешкиот пораз во историјата на фудбалската репрезентација на Ерменија  не беше мирно. Според пишувањата на ерменските весници, до доцна во ноќта преставници на навивачката фан-група „Црвени орли“ биле на скалите пред фудбалската академија во Ереван каде лично побарале да чујат од репрезентативците што се случува со националниот тим.  

Според информации од навивачкиот фан клуб, само Јури Мовсисјан имал храброст да се појави пред нив и отворено да зборува за она што се случува во националниот тим. Според некои информации, дел од оваа навивачка група се обиделе и физички да ги нападне репрезентативците по вчерашниот пораз од Гибралтар. 

Од Ерменската федерација денеска излегоа со соопштение дека нема никакви физички пресметки, освен еден помал инцидент и едно одземено знаме за време на вчерашниот меч, кое предизвика турбуленции на трибините. Ерменија во вторник од 18 часот ја пречекува нашата репрезентација во меч од 4. коло во Лигата на нации, а атмосферата во нивниот национален тим е исклучително лоша, особено по навивачкиот притисок кој расте со секој нов неуспех.

Најново во Фудбал