ДОПОЛНИТЕЛНА МОТИВАЦИЈА ЗА ФУДБАЛЕРОТ НА ЛИДС ЈУНАЈТЕД

Напред Македонија од Гибралтар: Семејна поддршка за Алиоски (ФОТО)

Да потсетиме дуелот помеѓу Гибралтар и Македонија во рамките од УЕФА Лигата на нации започнува од 20:45 часот на „Викторија" стадионот.

објавено: 6 септември 2018 - 20:35

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски треба да покажат и докажат дека фаворити на овој меч, за успешен старт во Лигата Д (Група 4) на патот кон ЕУРО 2020.

Информациите велат дека нема да биде полн стадионот, но затоа на трибините има и наши навивачи кои секако ќе ја даваат поддршката за триумф на Македонија.

На трибините се родителите на еден од македонските репрезентативци и воедно фудбалер на англискиот клуб Лидс Јунајтед, Езџан Алиоски.

Тие секако дојдоа од Македонија во Гибралтар да навиваат за својот син и зошто да не постигне гол (ови) во дуелот против „аутсајдерот" Гибралтар.

Најново во Фудбал